Наизглед „Сокаче„, кога некој ке каже , ви асоцира на тесна мала уличка, брем лично мене односно ја така го дожиував.
Инаку сепак е нели според зборот именка употребена во деминутив во среден, збор малечко…но убаво ..беше моето сокаче.

Градот во кој го минав моето детство беше градот по Шара, преубавото Тетово, кое беше толку убаво, што мислев дека нема поубаво гратче во Македонија, ма на светот , се додека не пораснав ,не почна , да се шири да изникнуваат од сите страни Ѕверови-згради , да се комерцијализира, тоа убаво гратче со душа, замре, лугето се променија, стаанаа многу злобни, немаше веке таква убавина.

Преубавата река Пена, бистра дури имаше и риби и таа збудале еден период па го поплави градот од тогаш и Бањиче веке не беше местото кај што се собираат луге и ги правеја своите излети отпочинуваат и пиеа од здравата вода, лековита..жално.

Имав накај 4-5 годиники , живеевме на ул..„Брака Симовски„можеби ништо не ви значи но мене многу убав спомен…крстена беше по народниот херој.
.Долниот дел на улицата почнуваше од главната улица која водеше накај центар, тука ми бше моето старо училиште Маршал Тито, кое е денес мучико училиште првите две години ги поминав тамо, имавме ќумбенца на дрвца, дрвени клупи на кои седевме на скршени столичња и чкрткавме по масите

Ако не беве умни учителката не стауваше не удираше со остра прачка по рацете односно, по прстите и поради тоа цело одделение мораше да биде од воспитната мерка чудесно тивко и послушно.
Имаше уште пострашна казна..до ќумбето имаше картонска кутија со камчиња на која моравме на клечиме цел час за некоја поголема беља, е такви беа наште даскали…

По улицата нагоре имаше многу куќи кои бе а од стариот тип на грабда камен дрво..и сл..но мене ми остави впечаток на почетокот куќата која беше обоена во жолта боја но дрвените порти и пенџери беа темно кафеаво, балконите од даски, но јавано велат од надвор беше со гелендери и на нив цвекиња и не било кои туку сардели во сите бои убавина.

Пред портата стоеше секогаш една бабичка во облека која мене не ми беше својствена но тоа велеа налкувало на Тетовска носија…и кога поминувавме ни даваше шарени бонбони а во дворот пиевме најубава вода од чешмата нивна.
Погоре имаше лево едно сокаче кое на сред сокаче имаш багрем, на крајот од сокачето имаше, куќа на која не се секавам кој живееше.
Но затоа се секавам на калдрмата и по улицата и по сокачето на сред улица имаше замислете вода која течеше дури од горниот дел на Поток месноста под самата планина.

Од левата страна живееше чичко Марко кои имаат две прекрасни керки Марина и Славица и многу убави мачки, кои и порај тоа што ги храневме и галевме еден ден ме изгреба мајката и реков дека не сакам мачки, лажам верувајте по животинки и ден денес сум луда.
До нив живеевем ние, а до нас Стевче поради која и го пишувам постов. Неговиот помал брат Игор, кој воопшто не ме закачкаше.
Во нивниот двор жвееше и бабата и дедото на Стевче, Баба Љуба многу кротка жена но со силен глас, малку и наглува, нивниот двор беше со камен, куќата дрвена надвор бела и секогаш ја боеа со вар беше ко јајце.
Најинтересното беше, имаат турска бања-сауна, уживавмеда се бањаме тамо…сите ја сакавме баба Љуба.
Десно живееш чичко Васиљ Брдар по прекар(надимак) неговиот син Кочо кој учеше со мене,а неговата керка Борка која беше годинка две постара од мене.
Нивниот чардак беше рај голем постелен со черги во разни боии многу цекиња и на него и во дворот тамо си игравме…со куклите.
Но најитересно беше што јас повеке се интресирав за топка, за тепање, бев буцкасто мало девојче руосксо, кое секогаш беше со натмурено муце и секогаш спремна за противречење и за тепање.

Но, грбот ми го чуваше брат ми кој беше постар од мене три години.
Покрај багремот уживаат да играат нешто као фудбал односн,о дриблање, се прашував зошто ние женските седевме покрај вратичките и ги глеавме.
И навиваме кој повеке ке издржи а ако се степаа навиваме.
Арно ама велам дај да се вмешам па што ако сум женско, ме одбија нормално ме игнорираја некоја болка како со нож да ме прободе, почуствував во моето мало срцнце…крвареше…и тоа Стевќе кој рече :- Мрш тамо ма, ти си мала и плус тоа си женско не се глеаш..
Се погледнав имав кратки панталончиња на себе, целата по нозете испотепана…но ништо не ми фалеше-се прашував што е тоа што толку не чинеше за да ме навреди така..!
Го мразев, во моментот, смислував, како да му се одмаздам бев ко птица грабливка.
Заврши нивната игра се честеа со газоза чинам дека беше тоа.
Бев лута…
Он така испотен извалкан, стоеше и гневно ме гледаше, а поголемите го закачија му велеа: – Стевче кој е поголем ти или Весна..?
Застанавме покрај багремот и се меревме иако беше врсник со брат ми бше мало црно со кадрава коса, тогаш јас триумфирав…аха …си реков глеаш…!
Стевче се смееше….толку гласно…што прдизвика многу голем револт.
Во истот миг го фатив од позади за коса и го мавам со главата во дрвото немаше време да реагира, големите се смееја од страна го сфатија ко игра и навива, го мавав по грб, по нозе ,секаде кај што стигнав.
Во еден миг почна да ме моли да престанам..се освестив дека нее во ред со трчање со крвав нос и глава истрча накај дома.
Јас не можев да се свестам што направив, но гордоста не ми даде да отидам и да се извинам, сите загрижени се разбегаа по дома.
Јас дома не им кажав на моите знаев дека моите ке ме караат..
Утредента мајка му на Стевче, со трчање дојде кај моите и почна да вика дека јас сум била монструм…каоко сум можела, но јас само ја кренав главата иреков; -Се извинувам, многу ми жал, можам ли да го видам него и лично да се извинам..?
Така и сторив.
Веке ние израснавме се преселивме на друго место, иако имаше уште многу случки во тоа сокаче..и убави и лоши но можеби некогаш ке раскажувам и за нив.
Поенатата ми бше дека чуствува грижа на совест дека направив нешто многу сериозно и лошо, тој ја повреди мојата душа но тоа не беше толку, лошо од оваа временска дистанца за да јас му направм такво нешто..
Бев во Скопје замината на студии кога разбрав дека Стевче починал, а беше кротко и убаво момче како возрасен..и починал, не знаејки, бил со девојката во автомобил, кога заспале и двајцата мислам дека таа успеала да преживее но тој заспал и починал се угушил..
Е така мојот другар Стевче од детство го заврши неговиот краток живот…
Едноставно проштевај Стевче…никогаш не ни помислував лошо, но сите некогаш бевме деца и правевме неразумни работи ко деца….
Ништо на овој свет нее случајно, ниту љубовта во нашето срце кон некого, ниту пријателите или познаниците, ниту животни предизвици, и искушенија, денес сме горе, утре доле,…едноставно СУДБИНА, некои ја нарекуваа карма..но нештата не се случуваат случајно…Простено да ни е на сите…
последни коментари